Пријавувањето за „Ноември - месец на наука“ е затворено!
Благодариме на интересот!
Упатство за пријавување
За учество на настанот треба да пополните електронска пријава достапна на следниот линк:
https://forms.gle/AEcYwEuB9DWxuLV7
Во електронската пријава, задолжително е да се прикачи и формулар со детален опис на демонстрацијата (за учениците) или презентацијата (за наставниците) во PDF формат и слика од уплатница со уплатена соодветна котизација. Потребните документи се достапни подолу на оваа страна.
Доколку во изведување на демонстрацијата учествуваат двајца ученици потребно е да се пополни само една електронска пријава во која се наведува и менторот. Наставникот-ментор на демонстрација нема обврска дополнително да се пријавува.
Наставниците пополнуваат електронска пријава и плаќаат котизација само доколку немаат пријавено ученици со демонстрација, а сакаат да учествуваат со презентација или во другите активности.
Секој поднесен опис на експеримент ќе биде рецензиран од стручна рецензентска комисија.
Една демонстрација може да биде изведена од еден или најмногу двајца ученици (формуларот за демонстрацијата е достапен на крајот на оваа страница).
Наставниците можат да учествуваат како ментори на демонстрацијата или со сопствена презентација (формуларот за презентацијата може да го симнете на крајот на оваа страница), при што за една презентација се пријавува еден наставник.
Важно:
- еден ментор може да пријави најмногу 3 експерименти по категорија,
- еден ученик може да се пријави за демонстрација само во една област.
Котизација
- 400 денари - за демонстрација/експеримент што вклучува учество на 1 или 2 ученици и нивниот ментор со 1 демонстрација. Следуваат сертификати за учениците и за наставникот-ментор.
- 300 денари - за наставници кои учествуваат со презентација или како слушатели во другите активности
- 200 денари - за ученици кои учествуваат како слушатели без демонстрација (имаат право на учество на предавања/работилници)