|
Соопштение
03.12.2025 Почитувани, На 22 и 29 ноември 2025 година се одржа манифестацијата „Ноември - месец на науката“ на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оваа година главен организатор беше Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, а се вклучија и Македонското биолошко друштво, Македонското географско друштво, Сојузот на математичарите на Македонија, Македонското еколошко друштво и Скопското и македонското астрономско друштво. На настанот учествуваа: · 399 ученици од основните училишта, кои се претставија со 223 експерименти; · 172 ученици од средните училишта, кои се претставија со 103 експерименти; · 117 наставници од основните училишта и · 56 наставници од средните училишта. На првиот ден од манифестацијата учениците и нивните ментори имаа можност да проследат и едно пленарно предавање, како и „Хемиски спектакл“. Беа реализирани и 6 едукативни работилници за учениците, а за тоа време нивните наставници присуствуваа на презентации во кои разменуваа искуства со колегите. Најдобрите 277 ученици добија дипломи за I, II и III награда. Вториот ден од манифестацијата беше збогатен со 3 инспиративни пленарни предавања, 4 едукативни работилници и активности за наставниците. Најдобрите 154 ученици беа наградени со дипломи за I, II и III награда. Со искрена благодарност го завршуваме ова издание на „Ноември месец на науката“, настан што не би бил можен без поддршката и посветеноста на многу луѓе. Упатуваме огромна благодарност до: · Здружението на млади хемичари чии членови, нашите студенти-волонтери, беа срцето на настанот: работеа напорно и со огромна љубов, секогаш насмеани и подготвени да помогнат во сите големи акции, но и безброј мали, но пресудни задачи; · компанијата Вардар Доломит, која несебично го поддржа настанот и ни помогна да обезбедиме награди за најуспешните ученици; · сите членови на комисиите за оценка на експериментите – за нивната стручност, објективност и време посветено на оценување, советување и поддршка на младите таленти. Заедно реализиравме настан за инспирирање и поттик на младите истражувачи – и веќе се радуваме на следното издание! Со почит, д-р Пеце Шеровски м-р Маринела Цветаноска СХТМ Соопштение
29.11.2025 Почитувани натпреварувачи и ментори, Списокот со наградени експерименти на вториот ден од „Ноември-месец на наука“ е достапен ТУКА. Честитки до сите наградени ученици и ментори! Со почит, СХТМ Соопштение
28.11.2025 Почитувани натпреварувачи, При пристигнување на Институтот за хемија ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да се регистрирате и да ги подигнете вашите беџови за идентификација. Регистрацијата ќе се одвива на приземје, веднаш до влезот во зградата. Ве известуваме дека на секој експеримент е доделена шифра, која што е запишана на соодветното место каде што треба да го поставите вашиот експеримент. Списокот со шифри и распоред по катови за сите ученици е даден ТУКА. Со почит, СХТМ Соопштение
22.11.2025 Почитувани натпреварувачи и ментори, Списокот со наградени експерименти на првиот ден од „Ноември-месец на наука“ е достапен ТУКА. Честитки до сите наградени! Со почит, СХТМ Соопштение
21.11.2025 Почитувани натпреварувачи, При пристигнување на Институтот за хемија ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да се регистрирате и да ги подигнете вашите беџови за идентификација. Регистрацијата ќе се одвива на приземје, веднаш до влезот во зградата. Ве известуваме дека на секој експеримент е доделена шифра, која што е запишана на соодветното место каде што треба да го поставите вашиот експеримент. Списокот со шифри и распоред по катови за сите ученици е даден ТУКА. Со почит, СХТМ Соопштение
20.11.2025 Почитувани, Поради очекуваната зголемена фреквенција на возила околу зградата на Институтот за хемија на 22.11.2025, ве замолуваме да ги почитувате препорачаните насоки на движење. Бидејќи паркинг просторот е ограничен, препорачуваме возилата само да ги остават учениците на означеното место и веднаш да продолжат, со цел да се одржи непречена циркулација. Ви благодариме за соработката! Со почит, СХТМ Соопштение
19.11.2025 Почитувани млади истражувачи и ментори, Програмата за првиот ден од „Ноември - месец на науката“ е објавена во делот ПРОГРАМА. Со почит, СХТМ Соопштение
17.11.2025 Почитувани учесници, ментори и родители, Ве известуваме дека сите активности на настанот „Ноември - месец на науката“ ќе се одвиваат на Институтот за хемија, при ПМФ-Скопје (долна зграда на ПМФ). Конечната програма за настанот ќе биде објавена во среда (19.11.2025). Потсетување за наставниците-ментори: целокупната опрема и материјали кои се потребни за изведување на експериментите ги обезбедува менторот и училиштето. Организаторите не се обврзани да издаваат лабораториски прибор, хемикалии и сл. Со почит, СХТМ Соопштение
06.11.2025 Почитувани, Сите новости поврзани со „Ноември - месец на науката“ можете да ги следите и на Instagram профилот @mesecnanaukata. Со почит, СХТМ Соопштение
04.11.2025 Почитувани ученици и ментори, На следниот ЛИНК може да пристапите кон списокот на пријавени ученици за „Ноември - месец на науката“. Со почит, СХТМ Соопштение
23.10.2025 Почитувани натпреварувачи и ментори, Поради големиот интерес за учество на настанот „Ноември – месец на науката“, рокот за пријавување е продолжен. Крајниот рок за пријавување е 26.10.2025. Пријавата е достапна на следниот линк: https://forms.gle/YLuXJ3TrmUsoY9eaA. Ве покануваме заедно да експериментираме и да го истражуваме забавниот свет на природните науки! Со почит, СХТМ Соопштение
13.10.2025 Почитувани натпреварувачи и ментори, Ја претставуваме прелиминарната програма за настанот „Ноември – месец на науката 2025“, што ќе се одржи на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Истата е достапна во делот ПРОГРАМА во главното мени. Рокот за пријавување истекува на 22.10.2025. Ве покануваме заедно да експериментираме и да го истражуваме забавниот свет на природните науки! Со почит, СХТМ Соопштение
22.09.2025 Почитувани натпреварувачи и ментори, Ве известуваме дека пријавувањето за „Ноември – месец на науката“ е отворено и трае до 22.10.2025. Пријавата е достапна на следниот линк: https://forms.gle/YLuXJ3TrmUsoY9eaA. Ве покануваме заедно да експериментираме и да го истражуваме забавниот свет на природните науки! Со почит, СХТМ Соопштение
16.09.2025 Драги ученици, почитувани наставници и родители, Со големо задоволство ве покануваме да бидете дел од овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“. Главен организатор на оваа возбудлива иницијатива е Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ). Други учесници во организацијата се Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на математичарите на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Македонско астрономско друштво (МАД), Скопско астрономско друштво (САД). Настанот „Ноември - месец на науката“ е отворен за сите ученици од основните и средните училишта, како и за нивните наставници по природните науки – математика, биологија, хемија и географија. Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на ова научно патување, кое ќе се одвива во текот на два викенди во ноември 2025 година, и тоа: • 22 ноември 2025 за учениции од основните училишта, • 29 ноември 2025 за ученици од средните училишта. Настанот ќе биде збогатен со различни активности:
Пријавувањето за учество ќе биде отворено на 22 септември 2025 година. Секој ученик и наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество, а на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации, како и на нивните ментори, ќе им бидат доделени дипломи и награди. Да се вклучиме сите заедно и да придонесеме кон популаризацијата на природните науки! Со почит, Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседател на СММ Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД Доц. д-р Горан Китевски, претседател на МГД Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД Проф. д-р Даворин Трпески, декан на ПМФ |
|
Соопштение
25.6.2025 Драги ученици и наставници, со задоволство Ви најавуваме дека манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“ и оваа година ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје а Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија ќе биде главен организатор со помош од Сојузот на математичарите на Македонија (СММ), Македонското биолошко друштво (МБД), Македонското географско друштво (МГД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Македонското и Скопското астрономско друштво (МАД, САД). Настанот „Ноември - месец на науката“ е отворен за сите ученици од основните и средните училишта, како и за нивните наставници по природните науки – математика, биологија, хемија и географија. И ова научно патување ќе се одвива во текот на два викенди во ноември 2025 година и ќе вклучува различни активности како: научно-популарни предавања, натпревар во експерименти/изработки/ симулации/модели од ученици, размена на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности. Датумите и деталите за пријавувањето ќе бидат објавени на почетокот на учебната 2025/26 година. Ви посакуваме пријатен одмор! Со почит, Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседател на СММ Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД Доц. д-р Горан Китевски, претседател на МГД Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД Проф. д-р Даворин Трпески, декан на ПМФ |